Венгер наседнал на лажни вести, па го прогласи Веа за претседател на Либерија

wenger_10

Арсен Венгер искрено се радува што неговиот поранешен фудбалер Жорж Веа може да стане претседател на Либерија, но денеска направи гаф на прес-конференцијата на која зборуваше и за оваа тема.

Францускиот стручњак очигледно бил погрешно информиран за ситуацијата на претседателските избори во Либерија, па побрза да му ја честита функцијата на Веа иако резултатите се уште не се соопштени. Англиските новинари најпрвин мислеле дека Венгер имал личен контакт со Веа, за отпосле да излезе дека тој наседнал на лажни вести кои се појавија на социјалните медиуми.

Веа е еден од дваесетте кандидати на претседателските избори, па иако претходно два пати не успеваше да победи на изборите, овојпат се смета за најсериозен кандидат. Сепак, дел од африканските медиуми најавуваат втор круг, што значи дека Венгер дефинитивно избрза со своите честитки.

– Не се случува често некој поранешен фудбалер да стане претседател на држава. Добра работа Жорж и ти порачувам да го задржиш ентузијазмот и желбата за учење и победи, – истакнал лошо информираниот Венгер.

Facebook Коментари