Поврзете се со нас

Светски првенства

Венгер најави голема новост на СП: Технологијата ќе ги носи тие одлуки

Објавено

на

Францускиот фудбалски стратег, Арсен Венгер веќе подолго време е без ангажман и тоа откако ја заврши приказната со Арсенал, па под голем знак прашалник е дали некогаш и ќе им се врати на секојдневните клупски обврски.

Во меѓувреме Венгер е дел ФИФА, па често како еминентен член е гласник на работите што може да се очекуваат, промени кога е во прашање фудбалот. Токму една таква најави Арсен и тоа нов момент во фудбалот кој би требало да биде претставен, функционален на СП во Катар кое се игра нареднаат година.

Стручњакот навести дека технологијата ќе биде онаа што ќе погрижи за офсајд одлуките.

-Мора да продолжиме да напредуваме во брзината на донесување одлуки, особено во однос на офсајдот. Во 2022 година  на Светското првенство ќе можеме да донесеме многу брзи офсајд одлуки. Со тоа помалку ќе се губи време затоа што ВАР може да погреши со тоа. Има вистински емотивен удар, но после тоа треба да знаете дали сакате фер одлуки или не.

-Постои голема шанса офсајдот да биде автоматизиран на Светското првенство во 2022 година. Врзан сум за тајност, но ова ќе биде следниот од големите случувања во судењето, -открива Арсен кој застана во одбрана на ВАР.

-Мислам дека е позитивно по тоа што ако беше објавено утре, луѓето ќе беа против. Сфативме во решавачките натпревари дека ВАР може да спречи да се донесат лоши одлуки. Но постојат работи што сe уште треба да се усовршат. ВАР е нов процес. Нивото на ВАР луѓето можеби не е на ниво на судиите. Ама тоа ќе дојде за неколку години.

-Постои проблем затоа што се бараат многу луѓе и се уште е скапо. ВАР е корисна помош и мора да остане за донесување поправедни одлуки. Претходно, имаше 93 проценти фер одлуки, а денес тоа е 97%. Тоа се стотици одлуки во текот на едно првенство. Тоа е важно, -порача Французинот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни