Поврзете се со нас

Англија

Венгер: Моите молитви не се доволни за титула на Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал се истакна како единствен тим кој може каков-таков чекор со Ливерпул, но и покрај силниот напор од тимот на Микел Артета, лидерот на табелата и натаму има комотна предност од седум бодови.

„Топчиите“ изминатите две години во два наврати ја губеа шампионската битка со Манчестер Сити во самата завршница, па кога се чинеше дека ќе бидат главни фаворити за трофејот по големиот пад на „граѓаните“, Арне Слот создаде своевидна фудбалска машинерија, која до овој момент има само еден пораз.

Поради тоа, Арсен Венгер смета дека Арсенал има само минимални шанси за титулата, иако вели дека секојдневно се моли за посакуван исход и прекин на дведецениското чекање за трофеј во Премиер лигата.

– За да има Арсенал шанси за титулата, Ливерпул треба да губи на натпревари, или да не освојува бодови. Досега Ливерпул одигра 25 натпревари, а загуби само на еден. Во следните 13 кола ќе треба да загубат барем трипати, па затоа не ми изгледа логично дека Арсенал ќе ја освои титулата.

– Луверпул е суперфаворит за трофејот, бидејќи Арсенал не смее да погреши во периодот кој следи. Јас се молам за титулата, но молитвите не се доволни. Очигледно треба да го поправам квалитетот на молитвата, – изјави Венгер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни