Венгер конечно ја откри вистинската причина за заминувањето од Арсенал

Venger-Hadersfild

Арсен Венгер после 22 години донесе исклучително тешка одлука да стави крај на својата незаборавна врска со Арсенал, а истата беше прифатена со огромно изненадување во англиската спортска јавност и покрај тоа што се почесто добиваше сериозни притисоци и критики.

Само една година откако го продолжи договорот со клубот, Венгер одлучи дека е време за повлекување од кормилото кое беше симбол за него во изминативе две децении, а сега во ексклузивното интервју за „Беин Спортс“ комплетно се отвори и откри која е вистинската причина за заминувањето од „Емирејтс“.

Многумина веруваа дека Венгер никогаш сам нема да си поднесе оставка, но на крајот тој во договор со клубот одлучи да си замине од кормилото една година пред истекот на соработката која беше склучена минатиот мај.

– Седнавме заедно со раководните лица на Арсенал и разговаравме за тоа што ќе биде најдобро. Дадовме предлог дека некој нов тренер може да добие поголема поддршка и повеќе трпение од фановите. Тимот има одличен дух, беше задоволство да се работи со нив, имаат огромен потенцијал и со тек на време ќе се борат за титулата во Премиер лигата. Кога сте на едно место толку многу години, почнува да има нетрпеливост. Се навикнавме на огромни успеси и веќе ништо не беше доволно добро од мене. Нетрпеливоста беше пресудна за мојата одлука, дури и да ја освоевме титулата во Лига Европа, се уште ќе постоеше нетрпеливост и незадоволство, – вели Венгер.

Facebook Коментари