Венгер со коментар за бурата на релација Косиелни-Арсенал

wenger-kosielni

Арсенал ова утро го победи Баерн Минхен со 2:1 на турнејата во САД, но сепак и натаму топ тема кога е во прашање клубот од Северен Лондон останува бојкотот на капитенот Лоран Косиелни кој одби да отпатува со останатите соиграчи на подготовките.

Искусниот француски стопер цели девет години е дел од Арсенал, но ако пред неколку дена со своја изјава се јави Унаи Емери, сега се јави и човекот кој всушност го пронајде дефанзивецот и го купи во првиот тим. Арсен Венгер даде коментар за спорната ситуација, односно бојкотот на капитенот кој посакува да направи трансфер, а во исчекување на повеќе информации од двете инволвирани страни, искусниот стручњак предвидува дека станува збор за доста покомплицирана ситуација од она што изгледа.

– Останав крајно изненаден кога слушнав за веста. Сигурно има нешто повеќе на оваа тема, нешто што не го знаеме ние луѓето од страна. Лоран е играч кој покажува голем респект, станува збор за голем професионалец и секогаш беше пример во мојот тим. Навистина не знам како стигнаа до оваа точка, секогаш беше максимално благодарен на клубот. Се надевам дека двете страни ќе пронајдат решение, а најдобро ќе биде тоа да го направат брзо. Сигурно Лоран е повреден од сето она што се пишува во јавноста, – порачува Венгер за „Лекип“.

Facebook Коментари