Венгер излезе со свој заклучок за Пеп по епилогот на големото дерби со Ливерпул

venger-bein1

Големото дерби на „Енфилд Роуд“ меѓу Ливерпул и Манчестер Сити не беше топ тема само во Англија, туку и на различни страни ширум светот каде познатите телевизии посветија и специјални емисии за дуелот на титаните во Премиер лигата.

Арсен Венгер беше специјален гостин и стручен експерт на „БеИН Спортс“ студиото во Доха, а пред да ги стартува најавените преговори со Баерн Минхен, излезе со свој заклучок за конечниот епилог на големото дерби кое оваа вечер му припадна на актуелниот европски шампион и лидер во Премиер лигата.

– Пред се, кога губите голем натпревар, тоа е ужасно чувство. Ги видовте реакциите од двајцата менаџери вечерва. Може да се забележи притисокот под кои се наоѓаат на ваков меч и се гледа дека тоа многу им значи. Пеп ќе оди дома и ќе биде апсолутно уништен, многу повеќе од тоа што мислите. Ако мислите на количина, додадете 100 проценти и ќе бидете блиску до тоа колку е уништен. Севкупно гледано, девет бода се огромна разлика дури и за Сити по 12 одиграни меча, – порача Венгер.

Facebook Коментари