Поврзете се со нас

АТП

Венгер и Батлер гледаа од трибините, Чилиќ освои маестрален поен против Алкарас (Видео)

Објавено

на

Марин Чилиќ е далеку од тенискиот врв од кој беше дел со години, но хрватскиот ветеран и натаму не се откажува и останува составен дел од важните турнири.

Хрватот се прикажа во навистија пристојно издание во првото коло во Доха во кое го предизвика Карлос Алкарас, па мора да се признае дека му создаде и проблеми на младиот Шпанец во вториот сет.

Чилиќ не искористи три брејк топки во низа при резултат 4:3 во вториот сет, па пропушти шанса да го одземе сервисот и потоа да сервира за 6:3.

Наместо да биде блиску до 1:1 во сетови, Алкарас спаси три брејк топки и ги освои наредните два гејма, па така со 6:4 и 6:4 се пласираше во втората рунда во Доха.

Севкупно гледано, Алкарас од стартот на годината има биланс од 10:1, а единствениот пораз му е оној од Ѓоковиќ во четвртфиналето на Аустралијан Опен.

Интересно, денешната пресметка меѓу Алкарас и Чилиќ ја следеа Арсен Венгер и Џими Батлер од трибините, а најатрактивниот потег му припадна на Хрватот кој освои маестрален поен на мрежа.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни