Поврзете се со нас

Англија

Венгер го убедувал Мбапе да се пресели во Арсенал: Ме боли срце…

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Килијан Мбапе направи избор и од натпреварувачката 2024/2025 ќе го гледаме во редовите на Реал Мадрид со што конечно се стави крај на една драма, приказна која траеше со години, трансфер за кој долго се зборуваше, но истиот дури сега се реализираше и тоа на играчот му заврши договорот со Пари Сен Жермен.

Тој се очекува да биде големо засилување за шпанскиот великан со оглед на неговото знаење, квалитет, потенцијал за дополнителен напредок затоа што има само 25 години и допрва се очекува најдоброто од него.

Ова за Килијан е нова станица во кариерата, кариера која можеле да се движи и во друг правец затоа што во минатото за него притискал Арсенал и тоа во моментите кога се пробиваше и беше дел од Монако.

-Тоа беше фудбалски удар, но и очигледен. Гледајќи фотографија [на Мбапе облечен во дрес на Арсенал], малку ме боли срце. Отидов кај неговите родители и се обидов да ги убедам. Во тоа време, тој беше малку срамежлив, луѓето почнаа да му ги бараат првите автограми во Монако. На почетокот на кариерата немаш преголем притисок на стартот и успеаја да го убедат да го продолжи ветувајќи му дека полесно ќе игра во Монако отколку во Арсенал, Ливерпул или Реал Мадрид. Можеме да кажеме дека родителите добро го советувале и дека ја донел вистинската одлука ,-вели Арсен за „ТФ1“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни