Венгер го посочи тимот кој сака да го избегне во полуфиналето на ЛЕ

Екипата на Арсенал одигра перфектно на првата средба и славеше со 4-1 над ЦСКА Москва, но вчера на реваншот во Русија беше под посакуваното ниво и малку фалеше да доживее шокантна елиминација од Лига Европа.

Домаќините до 50 минута поведоа со 2-0, па им фалеше уште еден гол за пласман во полуфиналната рунда. За нивна жал тој чекор не успее да го направат и Арсенал со головите на Велбек во 75 и Рамзи во 95 се избори за реми и место меѓу најдобрите четири во ова второ по ранг клупско натпреварување.

Освен премиерлигашот во следната фаза минаа Атлетико Мадрид, Олимпик Марсеј и Салзбург кој направи уште едно големо изненадување и по Борусија Дортмунд му го зема скалпот на калчолигашот Лацио. Од овие три состави тренерот на „топчиите“, Арсен Венгер пред денешната ждрепка во Нион сака да избегне еден противник-тоа е составот на Атлетико.

-Ќе биде иделно да ги одбегнеме нив. Тие на хартија се најсилниот тим. Ајде да играме добро против секој клуб што ќе го добиеме, -порача Арсен по ремито во Москва.

Facebook Коментари