Поврзете се со нас

Англија

Венгер го пофали Роналдо, но избра друг фудбалер како клучен за пресвртот на Јунајтед

Објавено

на

Арсен Венгер вчера повторно бил гостин во студиото на „БеИН“, каде ги коментирал случувањата во Лигата на шампионите, а на крајот и големиот пресврт на Манчестер Јунајтед против Аталанта.

Французинот делел комплименти за Кристијано Роналдо, но потенирал уште еден важен фудбалер во второто полувреме.

– Реков пред натпреварот дека Роналдо е шампион и повторно знаеме дека тоа не е случајно. Често кога зборуваме за него, забораваме колку е добар во играта со глава, – рекол Венгер.

– Јас лично би го истакнал изданието на Фред во второто полувреме. Тој пресече неколку додавања во опасната зона и работеше напорно цело второ полувреме, – истакнал поранешниот менаџер на Арсенал.

Венгер го комплетирал коментарот и со значењето на Пол Погба, кој влезе во второто полувреме и според него, веднаш го разиграл и дотогаш неубедливиот Бруно Фернандеш.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни