Поврзете се со нас

Англија

Венгер ги предупреди Англичаните: Штетата е направена, тешко дека ќе се поправи!

Објавено

на

Арсен Венгер како шеф на ФИФА беше еден од првите кои порачаа дека сонот наречен Супер лига ќе трае доста кратко, но ниту тој не можеше да поверувад дека цела оваа фудбалска драма беше потисната и уништена во период помал од 48 часа.

Легендарниот француски стручњак потенцира дека сите 12 потписници ги игнорирале принципите на спортскиот и натпреварувачки дух со самото тоа што помислиле дека е фер да бидат заштитени во едно натпреварување во кое ќе играат само најдобрите, па и покрај тоа што се радува на одлуката која први ја донесоа англиските клубови, вели дека штетата е направена и тешко дека ќе се поправи.

– Не сум изненаден што не траеше долго, но сепак не очекував волку брз расплет. Од почетокот, никогаш не верував дека ова ќе се случи и дека ќе се реализира, – вели Венгер за „БеИН Спортс“.

– Сите клубови потписници ги игнорираа основите принципи за спортски заслуги во фудбалот. Ако го игнорирате натпреварувачкиот дух, ги убивате домашните првенства. Затоа навивачите никогаш нема да го прифатат тоа, – додава Венгер кој вели дека големата шестка во Англија го навлече гневот на цела јавност и на ривалите, без оглед на одлуката за повлекување.

– Штетата е веќе направена меѓу клубовите во Премиер лигата и тешко дека ќе се поправи. Морам да напоменам дека најголем парадокс во оваа Супер лига беа англиските клубови. Англија изгласа Брегзит за да создаде сопствена судбина и иднина. Англија ја има најсилната фудбалска лига во светот, со потпишувањето на Супер лигата, тие потпишаа уништување на Премиер лигата. Тоа ми е навистина неверојатно, – завршува Арсен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни