Поврзете се со нас

Свет

Венецуела го изненади Мексико и обезбеди четвртфинале на Копа Америка (ВИДЕО)

Објавено

на

FOTO: x.com/SC_ESPN

Селекцијата на Венецуела успеа да направи изненадување и го совлада Мексико со 1-0 во рамките на 2. коло во групата Б на Копа Америка.

Мексико е исклучително незгоден состав, селекција за Венецуела и потврда за тоа е што ова беше прва победа на составот од Јужна Америка над овој противник, а тоа да не е пријателски натпревар.

Стрелец на единствениот гол беше искусниот Рондон во 57 минута. Воедно треба да се потенцира дека Мексиканците во самиот финиш на средбата не реализираа удар од 11 метри.

Во истата група Еквадор ја доби Јамајка со 3-1 и со тоа најави супер борба против Мексико во завршната рунда, директна битка за пласман во следната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни