Поврзете се со нас

Италија

Венеција го „замрзна“ Интер во 97. минута, но ВАР го поништи голот (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Inter

Интер не го реши прашањето околу победникот со втор гол во мрежата на Венеција, а тоа направи да има нервоза и тензија до последната акција од мечот, во која гостите успеаја да постигнат гол за 1:1.

Шверко израмни на 1:1 и сите играчи на ВЕнеција се израдуваа на постигнатиот гол, но после едноминутен преглед, луѓето во ВАР сигнализираа дека погодокот е нерегуларен.

Имено, при скокот со Бисек, Шверко ја закачи топката и со својата лева рака, па на крајот овој погодок беше поништен и тоа донесе огромно олеснување на трибините.

Ова непријатно сценарио ги „замрзна“ сите присутни на „Џузепе Меаца“, но по добрата вест од ВАР собата, на крајот како клучен се покажа голот кој го постигна Лаутаро Мартинез во 65-та минута.

Овие три бода се доста важни за актуелниот италијански шампион, кој на овој начин ја намалува негативата и сега е на само бод од лидерот Наполи.

Голот на Лаутаро погледнете го ТУКА

Поништениот гол погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни