Италија
Венеција го шокираше Јувентус, фаворитот се спасуваше од пораз во 95. минута (Видео)
Венеција е тим кој беше отпишан од многумина уште од стартот на сезоната, но денеска како гостин покажа дека може да биде многу незгоден за Јувентус.
Понесени од големата победа над Манчестер Сити, избраниците на Тиаго Мота се очекуваше да имаат рутинска задача против фенерџијата во Серија А, но наместо тоа, домашните навивачи беа сведоци на кошмарно сценарио.
Иако Јувентус поведе со голот на Гати, Јувентус беше прескромен за свои стандарди и дозволуваше Венеција да се заканува, па во такви услови, видовме гол на аутсајдерот, а потоа и втор во самата завршница.
Елертсон израмни на 1:1 по еден час игра во Торино, Идзес погоди за 1:2 и целосен шок на трибините на седум минути пред крајот на регуларниот дел, за потоа работата да ја спасува Влаховиќ со удар од белата точка.
Јувентус доби пенал по едно играње со рака во шеснаесетникот на гостите, а Србинот остана доволно мирен и израмни на 2:2 во 95-та минута.
И покрај тоа што нема пораз, ова е десетто реми за Јувентус во Серија А, па не чуди тоа што се повеќе заостанува на табелата.
Головите погледнете ги ТУКА
-
Свет14 часа
(Не)очекувана одлука: Нејмар го избрал клубот во кој ќе ја продолжи кариерата
-
Репрезентација15 часа
Капитенот игра во страшна форма: Кузмановски го изедначи рекордот на Лазаров
-
Шпанија10 часа
Голем предизвик за Димитриевски и Валенсија во четвртфиналето во Купот на Шпанија
-
Англија12 часа
Гвардиола: Ако Ибрахимовиќ тоа го кажал…
-
Светски првенства5 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Шпанија17 часа
Анчелоти за Мбапе: Сега е најдобар напаѓач на светот
-
Англија13 часа
Фернандеш директен: Не сум тука за да губам натпревари и да бидам…
-
Шпанија17 часа
Карло со ироничен „поздрав“ до шпанската јавност: Има денови кога играме многу лош фудбал, но Реал и натаму…..