Поврзете се со нас

НБА

Вембањама со нов „5×5“ натпревар влезе во историјата на НБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/spurs

Сан Антониот Спарс успеа да слави над Јута Џез во Солт Лејк Сити (106:88) во меч во кој централна фигура беше првиот пик на драфтот од 2023 година, Виктор Вембањама.

Французинот беше прв стрелец со 25 поени, а зад своето име додаде уште 9 скока, 7 асистенции, 5 украдени топки и 5 блокади. Ова за центарот втор „5×5“ натпревар во досегашната НБА кариера, поточно со конретен учинок во најмалку пет категории.

Со ова влезе во одбрано друштво затоа што досега само на двајца играчи им успеало да имаат повеќе натпревари со вакво достигнување и тоа легендарниот Хаким Олајџувон (6) и Андреј Кириленко (3).

-Тоа ми кажува дека треба да ги кренам моите стандарди кога немам 5×5, бидејќи можам да му помогнам на мојот тим во сите тие области. Тоа треба да биде конзистентна работа.

-Како што кажав и претходно, тоа е нешто што мора да го имаме, нешто што морам да го имам почесто за да му помогнам на мојот тим, -порачал Виктор.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни