Поврзете се со нас

НБА

Вембањама имаше историски настап во НБА лигата, Клиперс изненадени од Атланта (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/spurs

Кајри Ирвинг и Бем Адебајо со звукот на сирената донесоа победи за Далас Маверикс и Мајами Хит во НБА лигата, но во најсилниот кошаркарски шампионат на светот се одиграа и други средби на кои видовме историски настап и тоа во режија на талентираниот Виктор Вембањама од Сан Антонио Спарс.

Ирвинг со чудесен кош преку Јокиќ донесе победа за Далас (ВИДЕО)

Клубот од Тексас го доби најинтересниот дуел на денот и славеше против Бруклин Нетс со 122:115 по продолженија, пресметка во која Виктор испиша историја.

Французинот стана прв играч со +30 поени, +15 скокови, +5 асистенции и +5 блокади со 50 проценти шут од поле. Најголема поддршка му беа Васел и Џонсон кои заедно искомбинираа 49 кошеви. Кај Нетс кои го претрпеа 42 пораз во сезоната Томас бешеа автор на 31 поен.

Атланта Хокс пак го изненади Лос Анџелес Клиперс на негов терен со 110:93. „Јастребите“ беа подобри во три од четирите четвртини и заслужено дојдоа до славје во кое петмина играчи беа двоцифрени.

На другата страна Ленард и Џорџ немаа помош, па залудни беа нивните 28 и 26 поени.

Резултати:
Орландо – Торонто 111:96
Вашингтон – Бостон 104:130
Сан Антонио – Бруклин 122:115 (прод.)
ЛА Клиперс – Атланта 93:110

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни