Поврзете се со нас

Светски првенства

Велшаните останаа без уште еден важен играч за дуелот со Македонија

Објавено

на

foto: twitter.com/Cymru

Велшкиот селектор Крег Белами денеска го објави составот со кој фудбалската репрезентација ќе ги започне квалификациите за СП 2026, а на него не се најде уште една ѕвезда за која беше најавено дека ќе има важна улога во мартовската програма.

Искусниот Арон Рамзи поради повреда нема да може да им помогне на своите колеги од националниот тим и дефинитивно нема да биде во комбинација за дуелите со Македонија, односно Казахстан.

Велшаните во вториот термин ќе се сретнат со нашата селекција, а покрај Рамзи, од претходно беше јасно дека Велс нема да смета ниту на Ампаду од Лидс и Вилсон од Фулам.

Рамзи требаше да игра за репрезентацијата првпат по септември минатата година, но заработил повреда на последниот дуел на својот тим Кардиф.

Велшаните на 22. септември го пречекуваат Казахстан, а три дена подоцна гостуваат во Македонија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни