Светски првенства
Велшаните критикуваа, Белами врати: Се надевам ќе му подигнат статуа!

Иако фудбалската јавност утрово има различни гледања на синоќешното реми меѓу Македонија и Велс, подеднаква поделеност постои и кај велшката публика, како и кај македонската.
И на двете страни, постојат оние што сметаат дека испуштена е победа, но Велшаните не кријат дека ги посакуваа трите бода, наспроти притаените аспирации на македонските навивачи.
– Знаеме како е во меѓународниот фудбал, понекогаш имаш лимитиран број на шанси. Мислам дека требаше да освоиме три бода,- рече Крег Белами на конференцијата за медиуми во Скопје.
Тој алудираше на пропуштената шанса на Бренар Џонсон кога Висар Муслиу ја расчисти ситуацијата.
Поранешниот репрезентативец Ешли Вилијамс покажа со прст на Џо Ален како виновник за примениот гол во првата минута од судиското надополнување.
Џо Ален беше уфрлен подоцна за да им помогне на соиграчите, кои според извештаите на нивните медиуми „диминирале во посед на топката, грабење територија и создавање шанси“. Сепак, додавањето на Ален до Џо Роден беше пресечено од Миовски, кој тоа го казни со водство на Македонија.
– Знам дека луѓето ќе речат дека тоа е грешка на Џо Ален, но јас му кажав да игра така. Јас го барав тоа. Погледнете ја неговата реакција, тој беше во состојба да згазне на топката и да не се крие. Младите играчи кои ги имаме, а ги имаме повеќемина, гледаат каков несекојдневен фудбалер е тоа. Среќен сум за него (што тој и соиграчите изедначија – з.а.), затоа што тој ми има помогнато многу. Се надевам дека еден ден ќе му изградат статуа,- рече Белами како одговор на новинарското прашање за играчот од средина на теренот, кој го носи клупскиот дрес на Свонси, Џо Ален.
-
Италија24 часа
Лацио одбива да игра во среда, Лотито бара итна реакција на федерацијата
-
НБА23 часа
Генералниот менаџер на Далас: Не знаев дека Дончиќ им значи толку многу на фановите
-
НБА10 часа
Јокиќ се кае за одлуката во последниот напад на Денвер (ВИДЕО)
-
Англија8 часа
Харгривс има трансфер предлог за Арсенал како замена за Парти
-
Шпанија14 часа
Не е се идилично: Еден играч на Барса не сака да го слуша ниту тимскиот говор на Ханси Флик (Видео)
-
НБА13 часа
Моќно издание на Ленард, Клиперс го освои Денвер (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони11 часа
Фиго има фаворит за титулата во ЛШ: Тие имаат…
-
Германија12 часа
Леверкузен се подготува за заминување на Алонсо: Имаме џентлменски договор со него…