Велосипедизам
Велосипедскиот фестивал „Азот“ собра над 200 рекреативци на Мокра планина!

Последниот мајски викенд се одржа фестивалот „Азот 2022 – мтб предизвик“ кој собра 230 рекративци меѓу кои имаше велосипедисти, планинари и љубители на природата.
Настанот беше во организација на велосипедското здружение „Велес Бајкинг“, со поддршка на Општина Чашка, а воедно беше добра можност за презентација на македонскиот спортски бренд „Реморкер“.
Ова беше осмо издание на големиот спортски настан во природа, при што централно место на случувањата беше во с. Богомила. Првиот ден беше предвиден за рекреативна велосипедска тура до манастирот „Рожденство на Пресвета Богородица“ во близина на с. Согле, додека вториот ден имаше две велосипедски трки и една планинарска тура.
Првата велосипедска трка беше на 44,1 километар (+1.780) и втората на 34,1 километар (+1.011), при што двете поминуваа низ областа Азот, односно од с. Богомила преку с. Црешнево, с. Капиново, с. Нежилово, с. Папрадиште и планинарскиот дом Чеплес.
Планинарската тура беше во должина од 14,2 километри во подножјето на Јакупица. Учесниците можеа да уживаат во прекрасните природни пејсажи долж течението на реката Бабуна, со поглед кон врвот Солунска глава (2.451 мнв), неколку водопади и убави шумски патеки.
Овој фестивал е еден од најпосетените и како таков е најголемиот туристички промотор на регионот.
Неповолните временски услови делумно го нарушија предвидениот тек на настаните поради кои беше откажана вечерната забава, но организаторите сепак се потрудија со заеднички ручек и лотарија да ги дополнат убавите впечатоци на сите учесници.
-
Евролигапред 17 часа
Антиќ дочекан со овации и аплаузи од навивачите на Црвена Звезда (ВИДЕО)
-
Англијапред 22 часа
Тен Хаг добива сериозно засилување во офанзивата: Ќе донесеме конечна одлука…
-
Светпред 14 часа
Уругвајците добија жестоки казни за нивното лудило на СП (ВИДЕО)
-
Англијапред 24 часа
Преговорите меѓу Евертон и Биелса пропаднале поради уникатен предлог на „лудакот“, Дајч ќе биде нов менаџер на „Гудисон“
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти: Овојпат не се налутив, но не можам да разберам една работа
-
Светпред 23 часа
Руди Гарсија: Утката на Роналдо беше клучен момент на натпреварот (Видео)
-
Евролигапред 12 часа
Обрадовиќ во свој стил: Победивме, ама сме премногу глупави
-
АТПпред 21 час
Ѓоковиќ го коментираше испадот на неговиот татко: Сме поминале низ војни, знаеме..