Велосипедизам
Велосипедска драма во Милано: Британецот Гејган Харт е сензационален победник на Џиро Д’Италија

После извозени 20 етапи и многу возбуда на планинските етапи и оние со спринт завршници, крајот на годинешното издание на Џиро Д’Италија едноставно не можеше да биде подраматичен и посензационален, бидејќи на крајот победник е човекот кој ниту еднаш во претходните 20-тина дена не ја облече розевата маичка.
Тао Гејган Харт е сензационален победник на најпрестижната велосипедска трка во Италија, откако излезе подобар во директниот дуел кој го имаше со Џај Хиндли.
За првпат во историјата, двајца велосипедисти имаа идентично време во генералниот пласман пред стартот на последната етапа, а денеска во Милано не можеше да биде повозбудливо, бидејќи се возеше индивидуалниот хронометар.
Победник на завршната етапа беше домашниот велосипедист Филипо Гана, но апсолутен победник на Џиро Д’Италија беше 25-годишниот Британец.
Возачот кој го претставува Инеос ниту еднаш не ја облече розевата маичка во претходните 20 етапи, но затоа ја облече кога беше најпотребно, на целната линија во Милано. Гејган Харт оствари 39 секунди подобро време од она на Хиндли на хронометарот, па стигна до својата прва титула на една од трите највлијателни трки во светот на велосипедизмот.
Австралиецот Хиндли кој беше лидер до денеска на крајот мораше да се задоволи само со второто место, додека третото место во генералниот пласман му припадна на Вилко Келдерман.

- Англијапред 15 часа
Солскјер откри кој е најлош губитник во Јунајтед: Сите мислат дека тоа е Бруно, но….
- Балканпред 12 часа
Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја
- Италијапред 10 часа
Не е подготвен за италијанскиот фудбал: МекКени не можеше да го тргне погледот од задникот на Дилета Леота (ФОТО)
- Италијапред 16 часа
Дојде и тој ден: Роналдо постигна гол, соиграч го имитираше на теренот за време на прославата (Видео)
- Англијапред 14 часа
Клубови од Италија и Шпанија заинтересирани за играч на Манчестер Јунајтед, од клубот му подготвуваат нов договор
- Англијапред 11 часа
Тухел откри дека добил „корпа“ од најголемата ѕвезда на Манчестер Јунајтед: Сериозно го сакав во мојот тим
- НБАпред 8 часа
Дончиќ: Не можете да ме споредувате со Лери Бирд
- Шпанијапред 10 часа
Пике ги предупреди ривалите: Се уште сме живи, сезоната комплетно ќе се смени…