Велковски стави потпис на договорот со Ријека, по предлог на Македонецот кој се прослави во хрватскиот тим

darko-rijeka

Дарко Велковски уште изминатава зима си го договори својот трансфер во Ријека по што цела втора полусезона во македонската прва фудбалска лига ја мина без ниту една одиграна минута на теренот, но сепак тоа не го расипа ведриот дух кај македонскиот фудбалски репрезентативец кој конечно дочека да биде претставен во хрватскиот фудбалски великан.

Ријека денеска и официјално соопшти дека Велковски е нов член на првиот тим откако стави потпис на тригодишен договор, а во образложението уште се напоменува дека во договорот на дефанзивецот е вклучена опција истиот да биде продолжен за една дополнителна сезона.

– Стефан Ристовски ми кажа само најдобри работи за Ријека, за клубот, но и за навивачите. Го познавам и Жута кој играше за репрезентацијата на Македонија, а секако и Милан Ристовски. Се надевам дека ќе ги оправдаме очекувањата и дека ќе освојуваме титули во Ријека. Верувам дека ќе се вклопам во системот и дека ќе напредувам заедно со тимот, – порачува македонскиот дефанзивец.

Facebook Коментари