Европски купови
Велковски: Ривалот игра модерен и брз ракомет, но ние сакаме уште една европска победа

Алкалоид одигра одлично во првата пресметка со Бриксен во Европскиот Куп на ЕХФ, но пласманот во четвртфиналето на ова натпреварување мора да се потврди во Скопје.
Пресметката меѓу македонскиот и италијанскиот претставник е закажана за в сабота во Скопје од 18:00 часот, а бекот Мартин Велковски ја повикува публиката, навивачите на Алкалоид да дојдат и заедно да прослават уште еден европски триумф.
-Пред нас е реванш со вицешампионот на Италија. Резултатот на крајот беше со висока разлика, но не беше така текот на мечот. Ривалот игра модерен и брз ракомет, но ние сме поквалитетни, можеме да дојдеме до уште една победа. Ја повикувам публиката да не бодри и заеднички да го славиме пласманот во четвртфиналето. Мечот во Италија имаше многу голови затоа што се играше со високо темпо. Тешко е да се игра и поквалитетна одбрана со мислата да има повеќе голови. Мислам дека и овој меч во Скопје ќе биде во исто темпо како оној во Италија и ќе има повеќе голови, -изјави Велковски.
Сама за потсетување Алкалоид го доби „првото полувреме“ со резултат 44:32.
Претходно избраниците на Лазаров беа подобри од Драгунас Клаипеда од Литванија и Вест Виена од Австрија.
Лазаров: Со мислите ќе бидеме во Битола, но мора прво да си ја завршиме задачата
-
Лига на нации12 часа
Познат изгледот на шеширите: Македонија ги дозна можните ривали во Лигата на нации (Фото)
-
Балкан24 часа
Арнаутовиќ ги „запали“ српските навивачи со изјавата која ја даде по поразот на „Маракана“ (Видео)
-
АТП11 часа
Ѓоковиќ по новото историско достигнување: Сакам да го урнам рекордот на Конорс (Фото)
-
АТП22 часа
Ѓоковиќ се растрча како да има десет години помалку, па закажа осминафинале со својот „редовен пациент“ (Видео)
-
Лига на нации14 часа
Бруно му донесе лоша среќа со реакцијата, Роналдо изведе еден од најлошите пенали во кариерата (Видео)
-
Лига на нации13 часа
Јамал дрско му одговори на Ван дер Варт од „Месталја“ (Фото)
-
Лига на нации24 часа
Донарума делеше совети за своите соиграчи, Кимих и Мусиала го повторија „корнерот од Енфилд“ (Видео)
-
Македонија8 часа
Шкупи покажа класа со двете одлуки кои ги донесе за трагично загинатиот Лазаров (Фото)