Поврзете се со нас

Европски првенства

Велковски: Пропуштивме шанса да влеземе во вториот круг, сега ќе мора…

Објавено

на

За „Дерби“ од Унгарија,
Ристе Влахов

Македонската репрезентација не успеа да направи изненадување и загуби од Данска во последниот натпревар на Европското првенство.

Нашата репрезентација имаше одличен старт, но потоа фаворитот дојде до израз кој го сврте резултатот и веќе до крајот на првиот дел направи предност од четири разлика која потоа дополнително ја зголеми вовторите 30 минути.

-Добро се подготвивме и отворивме против Данска, имавме одиграно неколку натпревари со нив и горе-доле го знавме. Ама се соочивме со проблем откако Филип Кузмановски го повреди зглобот и ја расипа ротацијата и играта. Потоа се виде дека имаме проблеми во организацијата на играта. Данците не застануваат, ова беа поодморни играчи кои сакаа да се докажат кај селекторот, напаѓаа постојано и беше многу тешко.

-Жал ми е што на крајот загубивме со десет разлика. Мислам дека одигравме добар натпревар за да не биде десет разлика. Имавме грешки во клучните моменти на претходните натпревари, беше доста израмнето, дали беше во прашање исксутво, пропуштивме шанса за да влеземе во вториот круг. Но тоа е што е, ќе одиме по потежок пат кон Светското првенство. Ќе се подготвуваме за баражот, ќе се трудиме да бидеме што подобри и подобри затоа што мораме да одиме напред, -истакна Мартин Велковски.

Сега Македонија ќе мора да низ потежок филтер за да стигне до мундијалот, меѓутоа оваа селекција мора да расте и тоа треба да го покажа на терен без разлика на противникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни