Поврзете се со нас

Репрезентација

Велковски петти најдобар фудбалер во европските натпреварувања (ФОТО)

Објавено

на

Членот на Ријека и воедно македонски репрезентативец, Дарко Велковски е еден од петте најдобри оценети играчи во Европа кога се во прашање квалификациите и Лигата на нации.

Дефанзивецот низ сите овие настапи успеа да дојде до 167 поени со што е единствениот одбранбен играч во првата петка во која се Килијан Мбапе (390), Карим Бензема (239), Мемфис Депај (201) и англискиот репрезентативец Хари Кејн (192).

Оваа листа е формирана со помош на специјален алгоритам, а кога се во прашање македонските играчи најблиску до Даре се Елиф Елмас (127) и Александар Трајковски (121).

Инаку Велковски на листата е пред многу големи имиња како Бускетс, Гризман, Роналдо, Левандовски, Де Брујне…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни