Поврзете се со нас

Балкан

Велковски нема да остане во Ријека

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски од следната сезона ќе настапува во друг клуб.

Како што пренесува хрватски „Нови Лист“, стоперот нема да биде член на Ријека откако не успеал да се договори со клубот за продолжување на соработката.

Ријека го реконструира тимот во пресрет на новата сезона, а од денеска е јасно дека ќе остане без уште четворица фудбалери, меѓу кои и Велковски.

Велковски и Абас не постигнале договор за останување во Ријека, а екипата ја напуштиле и Честиќ и Прскало, – пренесуваат хрватските медиуми.

Велковски пристигна во Ријека од Вардар во 2018 година и одигра 78 натпревари за хрватскиот состав со кој два пати триумфираше во националниот куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни