Поврзете се со нас

Балкан

Велковски и Ријека со голем пресврт до финалето на хрватскиот куп (Видео)

Објавено

на

Дарко Велковски настапи во второто полувреме во полуфиналето на хрватскиот куп и беше еден од најзаслужните што неговата Ријека направи голем пресврт против Осијек за пласман во финалето.

Домаќините во 48. минута имаа негатива 0:2, но во 54. минута домашниот тренер уфрли три нови играчи меѓу кои и Велковски, а во 57. минута Осијек остана со играч помалку.

Резервистот Муриќ подоцна намали на 1:2, Ријека доби пенал преку кој израмни, а целосниот пресврт го комплетираше Јатеке во 86. минута.

Контрата ја отвори токму нашиот Велковски, а резервистот Јатеке потврди дека тренерот Рожман ги погоди сите замени кога беше најпотребно.

Со триумфот од 3:2, Ријека се избори за седмо финале во хрватскиот куп, а во борбата за трофејот противник на составот од „Рујевица“ ќе му биде тимот на Локомотива.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни