Поврзете се со нас

Балкан

Велковски го освои хрватскиот Куп со Ријека (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец Дарко Велковски ја заврши сезоната со освоен трофеј во хрватскиот Куп, откако неговата Ријека ја победи Локомотива со минимални 1:0.

Нашиот фудбалер одигра цел натпревар на стадионот во Шибеник, со што уште еднаш покажа дека е важна алка во составот на Ријека, кој и претходно обезбеди пласман во квалификациите за Лига Европа.

Ријека не успеа да стигне до квалификациите за Лигата на шампионите откако не успеа да го добие дуелот токму со Локомотива која стана хрватски вицешампион, па ова беше еден вид на мала одмазда за составот предводен од словенечкиот тренер Симон Рожман.

Решавачкиот момент на средбата се случи во 77. минута кога Халиловиќ го постигна единствениот гол за триумф на Ријека од 1:0.

На овој начин, тимот на нашиот Велковски го одбрани трофејот кој го освои и минатата сезона, а сега има вкупно шест победи во националниот Куп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни