Поврзете се со нас

Балкан

Велковски бесен на противникот го спореди со тим од Трета македонска лига

Објавено

на

Дарко Велковски по паузата во европските првенства поради коронавирусот добива се повеќе шанса во таборот на Ријека.

Македонскиот репрезентативец беше во тимот кој претрпе неочекуван пораз од Славен Белупо од 1:0, а по средбата даде и свое видување за случувањата на теренот.

Велковски беше лут на стилот на игра на противничкиот тим кој го спореди со клуб од Третата македонска лига кој игра против некој фаворит во Купот.

– Во првото полувреме донекаде играа фудбал, игравме и ние и тие. Тие искористија една шанса, а ние имавме три-четири кои можевме да ги реализираме. Во второто полувреме се виде дека противникот снема сила.

– Почнаа да лежат толку многу, такво нешто долго време не сум видел. Можеби во Купот против третолигашка македонска екипа. Не знам, ниту ние не одигравме како што треба, не е се до нив. Се надевам дека во следниот натпревар ќе го подобриме впечатокот и ќе постигнеме погодок, -изјави Велковски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни