Репрезентација
Велковски: Ако пред натпреварот некој ни понудеше реми…

Специјален известувач за „Дерби“ од Вараждин, Ристе Влахов
Македонската ракометна сениорска репрезентација ремизираше со Унгарија (27:27) во првиот натпревар на 29. Светско првенство кое се одржува во Данска, Норвешка и Хрватска.
Нашата селекција одигра квалитетен меч против тимот кој важеше за апсолутен фаворит на хартија, меѓутоа на теренот бевме максимално рамноправни, можеби и подобри, односно имавме и можност да го добиеме дуелот во Вараждин.
Придонес во одличното издание на Македонија имаше Мартин Велковски кој реализираше три погодоци од четири обиди. Велковски смета дека со покажаното можеби и заслужиле подобар резултат, ама во исто време не смеат да бидат незадоволни.
-Сакам да изразам сочувство до семејството на Јовиќ. Поголемиот дел од оваа репрезентација мина низ неговата школа, во одреден дел ни беше тренер, јас потоа соработував и во Пелистер. Сите бевме потресени, ама пробавме да останеме фокусирани. Знаевме дека на трибините ќе има голем број на македонски навивачи, сакавме да одигравме за нив. Покажавме голема борба, можеби во таа борба загубивме глава, но ова е една од тие ситуации, ако некој пред мечот ни понудеше реми со Унгарија, сигурно ќе го прифатевме. Сите сакавме да победиме, имавме и шанса да победиме, можеби и ја прокоцнавме, ама тоа е што е, -истакна Велковски кој даде коментар за наредниот противник, селекцијата на Холандија
-Холандија е селекција која повеќе ни одговара бидејќи немаат корпулентни кружни напаѓачи како Унгарија, навистина со нив се мачевме. Не добивме ниту еден фаул во напад. Веруваме дека со Холанѓаните ќе биде подобро. Можеби ќе имаме проблеми со нивната брзина, но максимално ќе се подготвиме, -заврши членот на Алкалоид.
-
НБА14 часа
Ерата Дончиќ започна со охрабрувачка победа, несопирливиот Јокиќ броеше до 40 (Видео)
-
Свет12 часа
Модриќ ја издвои омилената „десетка“ од младите ѕвезди: Тој има светла иднина
-
Италија24 часа
Интер го возврати ударот и му се „залепи“ на лидерот Наполи (ВИДЕО)
-
Шпанија10 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Балкан13 часа
Јеличиќ: Ристовски последниот добар меч го одигра уште кога не постоеше Северна Македонија
-
Франција10 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА9 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Лига на шампиони14 часа
Белингам со спомени од минатогодишното четвртфинале со Сити: Бев умрен од страв, но…..