Велкоски со спектакуларен погодок во стилот на Зидан му донесе победа на Сараево (Видео)

velkoski

Тимот на Сараево ја продолжи позитивната серија на резултати и во Купот на Босна и Херцеговина каде попладнево славеше на гостински терен над екипата на Вележ со 1-0 со голот на македонскиот интернационалец Крсте Велкоски.

Повремениот македонски репрезентативец на најде на вистинското место во 58 минута притоа постигнувајќи атрактивен и спектакуларен погодок во стилот на големиот Зинедин Зидан, погодок со кој му овозможи на Сараево триумф и пласман во осминафиналето на куп натпреварувањето. Мајсторија која вреди да се погледне по неколку пати.

Facebook Коментари