Поврзете се со нас

Балкан

Велкоски: Сезоната ја спасивме, за мојата иднина…

Објавено

на

Крсте Велкоски имаше можност да се израдува на уште еден трофеј со Сараево и тоа во Купот на Босна и Херцеговина.

Сараево славеше над Борац Бања Лука и со тоа победнички ја заврши турбулентата сезона во која остана без пехарот во домашниот шампионат.

-Одигравме добар натпревар, влогот беше голем, па таква беше играта од двете страни. Поради сите проблеми, мислам дека се издигнавме и ја спасивме сезоната. Одигравме еден коректен меч и сега одиме на пауза, -истакна Велкоски кој проговори за својата иднина во бордо тимот.

-Што се однесува до мене, одам на собирот на репрезентацијата за ЕП. Што се однесува до мојата иднина во  Сараево, ќе разговарам со управата, -дополни нашиот репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни