Велкоски повторно дојде до израз и ја запечати новата победа на Сараево (Видео)

krste

Сараево успеа да стигне до петта победа во низа во првата фудбалска лига во Босна, а како и во претходното коло, и овојпат дел од сигурниот триумф на сараевчани беше нашиот Крсте Велкоски.

Македонскиот напаѓач уште еднаш беше максимално присебен кога се кршеше мечот, со тоа што денеска ги постави конечните 4:2 на дуелот против Младост со удар со левата нога. Велкоски го постигна својот гол во 79-та минута и на тој начин на 10 минути пред крајот одлучи за тоа каде ќе отидат трите бода во еден навистина неизвесен дуел.

Facebook Коментари