Велкоски му донесе победа на Сараево (Видео)

saraevo

Македонскиот интернационалец Крсте Велкоски беше стрелец на единствениот гол постигнат на дуелот меѓу Слобода и Сараево, а на кој гостите ги освоија трите бода со резултат 1:0.

Нашиот напаѓач се снајде одлично во судиското надополнување на првиот дел и ги обезбеди бодовите за Сараево на незгодното гостување во Тузла. За Велкоски и соиграчите ова е прва гостинска победа во новата сезона, а по три кола се наоѓаат на второто место во првенството на БиХ со шест бодови.

Facebook Коментари