Велкоски ја најави победата на Сараево во Мостар (Видео)

krste

Македонскиот репрезентативец, Крсте Велкоски беше стрелец во победата на неговиот Сараево на гостувањето кај Вележ во Мостар во рамките на 17 коло во првата лига на Босна и Херцеговина.

Гостите славеа со 2-1, а истиот го најави нашиот офанзивец во 13 минута кога се најде на вистинското место и стрелаше за 1-0. Татар во 59 минута зголеми на 2-0, додека конечниот резултат го постави Цивиќ во 62 минута.

Велкоски ги одигра сите 90 минути, а пак на спротивната страна активни беа Јани Урдинов и Коста Манев.

Сараево со 35 бода е на првото место на табелата.

Facebook Коментари