Поврзете се со нас

Балкан

Велкоски и Сараево се израдуваа на Куп трофејот во БиХ

Објавено

на

Крсте Велкоски и Сараево се освојувачи на трофејот во Купот на Босна и Херцеговина.

Во вечерашното финале Велкоски и компланија беа подобри од Борац Бања Лука и тоа по изведување на пенали. Регуларниот дел не донесе промени, стрелците беа без муниција, па ударите мораа да го одлучат победникот, серија во која како многу подобар се покажа тимот на Сараево кој славеше со 4-1.

Еден од играчите кој прецизно биеше беше и македонскиот репрезентативец Велкоски кој сега ќе може да и се посвети на репрезентацијата и подготовките за ЕП.

Инаку ова за Сараево беше седми Куп трофеј во неговата историја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни