Свет
Великан од Јужна Америка сака да го обезбеди потписот на Рамос
Серхио Рамос со месеци е без ангажман или поточно откако му заврши договорот со шпанскиот прволигаш Севилја.
Неговото име се поврзуваше со некои клубови од Европа, но и со оние во САД, Обединетите Арапски Емирати, Саудиска Арабија, но досега ниту едно од тие сценарија, понуди не беше прифатена од искусниот дефанзивец.
Сега на Рамос му се отвара нова можност, опција да го напушсти стариот континент и се пресели во великан од Јужна Америка. „Релево“ пренесува дека Бока Јуниорс е заинтересирана за 38-годишниот Шпанец на кого би му бил понуден договор вреден 5 милиони евра.
Ако каже „ДА“, Серхио би се преселил во Буенос Аирес во месец декември, поточно би имал можност да се навикне на животот во новата средина пред да започне сезоната во 2025 година.
Во досегашната кариера Рамос освен за Севилја настапуваше за Реал Мадрид и ПСЖ.
-
Свет22 часа
Депај со голчиште од слободен удар ги запали навивачите на Коринтијанс (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Англија21 час
Пети за тимот кој има посилен состав од Сити во ПЛ: Сите забораваат на тоа…
-
Лига на шампиони18 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Свет22 часа
Ван Дер Варт за Роналдо: Неверојатно себичен играч, тој е единствениот…
-
Англија22 часа
„Скај Спортс“ прогноза: Сити ќе продолжи да тоне, Арсенал ќе го разбие Јунајтед
-
Лига на шампиони24 часа
Кјелини: Еден играч на Реал ни го уништи планот во финалето во ЛШ
-
Шпанија17 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)