Величествениот Озил направи чудо на „Емирејтс“, Арсенал со акција од соништата го излуде Лестер (Видео)

ozil-pjer

Месут Озил без никаков сомнеж го одигра својот најдобар натпревар во последните две сезони, а со таков расположен играч, Арсенал немаше проблем да направи пресврт против Лестер и да изрежира една од најубавите акции во последните неколку сезони.

Лестер прв се закани и заслужено поведе со 0:1, но Арсенал успеа да реагира пред крајот на првиот дел благодарение на Озил кој со одличен погодок ја најави својата величестевена вечер. Германецот беше исклучително расположен за игра и во тој стил продолжи и во второто полувреме, во кое најпрво ја организираше акцијата за 1:2, а потоа изрежира магија за која зборува цела Англија.

Погодокот кој Арсенал го постигна за 1:3 беше вистинско ремек-дело, а во центарот на вниманието беше Озил кој направи три извонредни работи. Најпрво ја пренесе топката со пета на десната страна на средината на теренот, потоа со трик го пропушти додавањето од Белерин, за на крајот да му асистира на Обамејанг кој со својот втор гол ги постави конечните 1:3.

За Арсенал ова беше десетта победа во низа во сите натпреварувања, а со истата остана на само минус два од врвот на табелата во Премиер лигата.

Facebook Коментари