Поврзете се со нас

Англија

Величествен гест: Ливерпул ќе му ја исполни последната животна желба на Ериксон (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Свен Геран Ериксон објави дека има терминална болест и дека му преостанува уште максимум една година живот, исповед со која ја трогна цела спортска јавност, а особено фановите на Ливерпул.

Причина за тоа беше фактот што Ериксон призна дека цел живот навивал за Ливерпул и неостварена желба ќе му остане тоа што не го водел великанот од „Енфилд Роуд“, нешто што сепак ќе се случи во месец март.

Легендарниот Швеѓанец ќе има уникатна можност да ги води „црвените“ на домашен терен, и тоа на натпреварот меѓу легендите Ливерпул и Ајакс.

Клубот денеска официјално инфомираше дека добил зелено светло од Ериксон за остварување на замислата во месец март, па со тоа Ливерпул ќе исполни една од последните желби на фудбалскиот стручњак.

Натпреварот ќе биде од хуманитарен карактер, а сите собрани средства ќе се пренаменат во фондацијата на Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни