Поврзете се со нас

НБА

Величествен Дончиќ и натпревар за паметење: Далас и Голден Стејт погодија 48 тројки! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/dallasmavs

Голден Стејт и Далас понудија историски тројкашки спектакл во Сан Франциско, а како победници од истиот излегоа гостите кои успеаја да слават во домот на „воините“ со 133:143.

Лука Дончиќ имаше величествено издание и го заврши мечот со 45 поени зад своето име, но комплетираше и трипл-дабл со 11 скокови и 13 асистенции.

Словенецот имаше импресивен шут од игра 16/23 и беше најзаслужен за победата на Маверикси во историската ноќ, која дефинитивно ќе се памети по 48-те тројки кои ги погодија двата тима на овој натпревар.

Никогаш претходно во историјата на НБА лигата не биле погодени толку тројки на еден натпревар, па така Дончиќ, Томпсон и Кари ги запишаа своите имиња во уште една историска категорија во американската кошарка.

Лука постигна шест тројки, Томпсон запиша седум зад своето име, а најдобриот шутер во историјата Стеф Кари исто така уфрли седум.

НБА резултати:

Орландо – Њујорк 91:100
Вашингтон – Бостон 98:112
Сан Антонио – Минесота 92:106
Феникс – Портланд 116:109
Голден Стејт – Далас 133:143
Лејкерс – Мемфис 116:110

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни