Величенствена ноќ за Јагањац: Си поигруваше со одбраната на Динамо и 10 пати забиваше! (ВИДЕО)

Halil Jaganjac vs Dinamo

Новиот пулен на Лино Червар, 19-годишниот Халил Јагањац, демонстрира одлична форма во дресот на Металург, а во синоќешниот настап против Динамо од Панчево во рамки на СЕХА Газпром лигата беше прогласен за најдобар играч на натпреварот.

Младиот ракометар кој оваа есен дојде во Скопје од Париз Сен Жермен, на малубројните гледачи во салата „Борис Трајковиски“ им даде доволно примери за својата маестралност, која навестува дека тој ќе биде едно од најголемите ракометни имиња кое нашата публика имала можност да го гледа.

Facebook Коментари