Поврзете се со нас

Македонија

Велешани не можат да го прифатат поразот од Шкендија: Луѓето во црно го оцрнија македонскиот фудбал (Фото)

Објавено

на

По Вардар, Шкендија стана само вториот тим кој успеа да го освои „жешкиот“ терен во Велес, но од таборот на Борец испратија низа сериозни критики по поразот од 0:2 и обвинија дека судиите биле главни виновници што тимот предводен од Горазд Михаилов не може рамноправно да се бори со лидерот на табелата.

Гостите од Тетово победија со 0:2, но Борец и тренерот Михаилов посочија дека во три наврати биле сериозно оштетени од судиите облечени во црно, со што не им било дозволено да водат битка израмнето на теренот.

– Како тренер не можам да останам рамнодушен на фудбалските неправди кои се случуваат на нашите терени од страна на луѓето во црно кои навистина се црно за мак-фудбалот. Не сум реагирал досега, но ова е премногу. За кого се игра фудбалот? Кажете бар да знаеме, но ова е веќе очигледно за кого. Па ние како тренери зависиме од тие срамни одлуки, а луѓето одговорни си ќутат и траат. Овој мој статус ќе биде по онаа поговорката „кучињата си лаат, караванот си врви“. Некои сега очекувам со коментари против мене да пишуваат, кажуваат, каков тренер сум и човек. Нивно право, но сепак ова го кажувам за сите клубови и тренери кои поради ова сме девалвирани и сме на мета, но таква е нашата работа, но сепак трудот и досега постигнатото само по себе си кажува, а вие луѓе во црно го завивте во црно мак фудбалот со чесни исклучоци на одредени судии, но долга е нивата за орање и ќе се сретнеме пак, но нема да биде исто од моја страна. Ова е само дел од денес… Но, тоа пак ќе кажам чудесна Македонија и веќе ништо не не чуди, – порача револтираниот тренер на Борец, а од клубот се огласија со следната објава.

– Интересен првенствен натпревар во кој за жал нашиот тим загуби многу важни бодови во борбата за горниот дел од табелата…
Мораме да потенцираме дека сите спорни ситуација беа судени на наша штета…
На ова слика поништен ни е гол за израмнување на резултатот а додека на сличен начин во ‘82мин доста дискутабилна ситуација во која судијата допушта игра и примаме гол…
Кога на сето тоа ќе се додаде и несанкционирањето на играта со рака на противничкиот играч во својот 16-ник и досудениот пенал против нас кој е судиско убедување…
Се надеваме дека во иднина ќе се обрне повеќе внимание за намалување на грешките за поголем напредок и поквалитетен фудбал на македонските терени, – гласи објавата на Борец.

Интересен првенствен натпревар во кој за жал нашиот тим загуби многу важни бодови во борбата за горниот дел од…

Posted by ФК Борец 1919 – Велес on Сабота, 05 декември 2020

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни