Шпанија
Веќе никој не знае што е играње со рака: Валенсија не доби чист пенал против Атлетико (Видео)

Атлетико Мадрид ја победи Валенсија со 0:3 на „Месталја“ во еден крајно сериозен натпревар од избраниците на Диего Симеоне, кои мора да се напомене дека имаа и бенефит од една судиска проценка на стартот на вториот дел.
Валенсија тргна со сите сили по враќање во мечот и имаше сериозен налет на стартот на второто полувреме, па во моменти кога „лилјаците“ бркаа 1:2, имаше спорна ситуација во шеснаесетникот на гостите.
Галан играше со рака по удар на Садик и беше очигледно дека станува збор за спорна ситуација, а иако истата се прегледуваше во ВАР, на крај немаше корекција на првичната одлука.
Во продолжение, Атлетико ги згасна сите надежи на Валенсија со трет гол во мрежата на Мамардашвили, но по победата, Чоло Симеоне призна дека Валенсија била оштетена за чист пенал.
Не се знае дали тоа ќе влијаеше на конечниот исход, но јасно е дека веќе никој во Шпанија не знае што е играње со рака, но и кога се суди пенал.
– Ми ја покажаа снимката од пеналот и јасно е дека топката удира во раката на Галан. Тоа е чист пенал, исто како на Европското првенство кога со рака играше Кукурелја. Навистина веќе не сфаќам ништо, би сакал да биде појасно за сите. Еден ден ова е пенал, а друг не. Се надевам дека ќе воспоставиме некој критериум и континуитет во носење исти одлуки, – изјави Симеоне.
Penalti no pitado a favor del Valencia por mano de Javi Galán.
Pero recuerden @valenciacf:
"Respeta a los árbitros, respeta al fútbol"
"Gánatelo en el campo"#ValenciaAtleti
— Joker Laporta 🃏 (@JokerLaporta) February 22, 2025
🚨 ¡Simeone ve penalti a favor del Valencia!
🗣️ "No entiendo la jugada de la mano de Galán. Es muy parecida a la de Cucurella en la Eurocopa… es penalti". pic.twitter.com/B4xyHBRH5M
— El Chiringuito TV (@elchiringuitotv) February 22, 2025
-
Игри на среќа24 часа
Евротип: Бомба од тикет за гигантска добивка
-
Свет23 часа
Роналдо со гол број 928, Ал Наср со победа пред своите гледачи (ВИДЕО)
-
Лига на шампиони12 часа
Ван Бастен зазема страна: Не сум фан на Реал, ниту на Атлетико, но… (Фото)
-
Свет11 часа
Нејмар ќе почека за камбек во националниот тим, неговото место му припадна на играч на Реал
-
Англија23 часа
Галас за потегот на Артета: Тоа покажува дека не е тренер од светска класа
-
Италија8 часа
Виери го објасни својот избор за финале во ЛШ: Не сакам да му правам малери на Интер
-
Англија22 часа
Џонсон со изненадувачки премиерлигашки предизвик за Мурињо: Никогаш не се знае…
-
Германија22 часа
Неверојатно, ама вистинито: Домаќините се радуваат на триумф во Бундеслигата по 19 натпревари (ВИДЕО)