Поврзете се со нас

АТП

Веќе нема никакви дилеми, Ѓоковиќ на радост на многумина ќе се појави на Австралија Опен

Објавено

на

Светскиот тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ се најде на листата на пријавени играчи кои ќе настапат на првиот Грен слем во годината, Австралија Опен.

За Ѓоковиќ никој не знае дали е вакциниран, а тоа беше единствениот услов за учество на турнирот во Мелбурн, па со оглед дека се најде на листата на пријавени тенисери, очигледно е дека примил вакцина против Ковид-19.

Србинот сега и официјално ќе може да се бори за својот десетти трофеј од Австралија и рекорден 21-ви Грен слем во својата кариера.

Во текот на вчерашниот ден беше потврдено дека Ѓоковиќ ќе учествува на репрезентативниот турнир АТП Куп во Сиднеј, што само даде дополнителна потврда дека тој ќе се појави и на престижниот турнир во државата Викторија.

Турнирот во Мелбурн започнува на 17. јануари, а токму Новак Ѓоковиќ е најголем фаворит за освојување на трофејот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни