Поврзете се со нас

Франција

Веќе нема дилеми, ПСЖ го договори дуото од Милано за уште посилен тим следната сезона

Објавено

на

Тимот на ПСЖ ги завршил сите формални работи во врска со ангажманите на две големи засилувања кои ќе го подигнат нивото на тимот следната сезона.

Нови играчи на клубот од гланвиот град на Франција ќе бидат Ашраф Хакими и Џанлуиџи Донарума кои и дефинитивно прифатиле да го носат дресот на овој тим.

И додека за Донарума беше извесно, за Хакими се уште постоеја некои недоумици дека би можел да се пресели на „Паркот на принцовите“, но истите денеска завршуваат откако и Хакими се согласил на договор со „светците“.

Хакими и неговиот агент постигнале конечен договор со ПСЖ и тој ќе добие договор до 2026 година. Другиот тим кој беше заинтересиран за мароканскиот интернационалец, Челси, не испратил официјална понуда до Интер и ќе остане без услугите на десниот бек.

Слично како и Хакими, и Донарума ќе потпише договор до 2026 година, а голманот официјално ќе го комплетира неговиот трансфер во ПСЖ во петок.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни