Англија
Веќе нема дилеми, Манчестер Јунајтед го задржа Одион Игало
Манчестер Јунајтед на крајот излезе како победник во трансфер сагата поврзана со нигерискиот напаѓач Одион Игало.
Игало првично пристигна на „Олд Трафорд“ како позајмен фудбалер, а позајмицата официјално му истече во текот на вчерашниот ден.
Во јавноста се појавија шпекулации дека тој ќе се врати во Шангај, меѓутоа сега официјално е потврдено дека тој ќе остане во Манчестер најмалку до јануари 2021 година.
Интересно е тоа што Манчестер Јунајтед ќе го задржи Игало на позајмица до јануари 2021, а после тоа ќе може да преговара за негов перманентен трансфер.
„Ѓаволите“ со тоа нема да имаат потреба да платат 20 милиони фунти, колку што бараше Шангај за целосно да го ослободи играчот, и наместо тоа ќе ги добијат неговите услуги за уште дополнителни седум месеци, а потоа ќе одлучат дали ќе го откупат или ќе донесат некој помлад напаѓач.
Дека Игало би можел да остане во клубот неодамна најави и Оле Гунар Солскјер кој истакна дека е задоволен од односот на неговиот матичен клуб, Шангај околу целата оваа ситуација.
– Шангај се однесува одлично со нас, постапија одлично што му дозволија да игра за клубот за кој сонувал да игра. Ова беше сон за него и се надеваме дека ќе го завршиме тоа што го започнавме, можеби со еден или два трофеи, -изјави Солскјер пред една недела.
-
Македонијапред 18 часа
Давидовски на Валелунга ја започнува седмата сезона во ТЦР Европа
-
Лига на шампионипред 23 часа
Касемиро призна дека страдал гледајќи го четвртфиналето на „Итихад“: Реал има среќна ѕвезда!
-
Англијапред 23 часа
Фабрегас воодушевен од еден играч на Јунајтед: Треба да се гради тим околу него
-
Англијапред 21 час
Швајнштајгер со совет за Рашфорд: Би сакал да го видам во друг тим
-
Германијапред 10 часа
Муслиу со гол со глава ја завери победата на Падерборн (ВИДЕО)
-
Балканпред 24 часа
Крстовски со атрактивен волеј погодок донесе победа за Домжале (ВИДЕО)
-
Италијапред 22 часа
Пиоли џентлменски по елиминацијата на Милан: Подобриот тим е во полуфиналето
-
Англијапред 22 часа
Мартинез по контроверзната ноќ во Лил: Не ги разбирам овие правила