Поврзете се со нас

НБА

Веќе имаме одреден датум и место: Се прави план за рестарт на НБА лигата!

Објавено

на

Најсилната лига на светот НБА е во прекин од месец март поради пандемијата со коронавирусот, но главните луѓе на организацијата, клубовите, играчите сакаат да се заврши оваа кампања и се бара соодветно решение.

Најновата вест која ни доаѓа од САД е дека НБА лигата може да продолжи во месец јули, се споменува датум 31 и тоа во Орландо, Флорида. Се разгледуваат неколку опции, но според „ЕСПН“ има доста поддршка, шанси 22 најдобри клубови да се најдат на исто место во Дизниленд и да ја заврашат сезоната.

Овој формат би вклучил мечеви од регуларната сезона со што би се определиле сите места за плејофот во Источната и Западната конференција.

Потврда за ова се уште нема, меѓутоа станува повеќе од јасно дека опцијата 30 клубови (сите) да бидат активни повеќе не е во игра и сега дилемата е дали ќе бидат 22 или 20 тимови.

Ако се 22 тогаш на оние најдобрите во моментов на Истокот и Западот (16 тимови) ќе им се приклучат Њу Орлеанс, Феникс, Портланд, Сакраменто, Сан Антонио и Вашингтон, додека пак ако се работи за формат од 20 екипи тогаш ќе отпаднат Санс и Визардс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни