Вејн Руни дециден: Гигс можеше на 40 години, можам и јас…

runi-koku

Легендарниот англиски напаѓач, Вејн Руни наскоро повторно ќе заигра на терените во Англија.

Имено, 34 годишниот фудбалер од стартот на 2020 година ќе биде во можност да игра за тимот на Дерби Каунти со кого потпиша на почетокот на оваа сезона каде ќе биде играч-тренер.

Руни изјави дека сака да го однесе Дерби во Премиер лигата и да игра во најелитното англиско натпреварување затоа што чувствува дека го може тоа.

– Чувствував дека можам да играм во Премиер лигата и во времето на Евертон, но други луѓе ги донесоа одлуките поврзани со тоа. Сега моја амбиција е да го вратам Дерби во Премиер лигата и да играм улога во таа лига.  Рајан Гигс беше во можност да игра во доцните 30-ти во ПРемиер лигата,  Герет Бери вели дека сака да игра таму и на 40 години. Важно е да го разбираш фудбалот, не се работи само за трчање наоколу, треба да ја користиш и главата за да одиграш добар натпревар. Ако имам вистински тим околу мене, се уште ќе можам да играм во Премиер лигата. Играв за два премиерлигашки тима, сега сум во Дерби и се надевам дека ќе одам во таа лига и со нив, -истакна Руни.

Facebook Коментари