Вејд за контроверзната одлука: Гордон нема да остане без сон поради тоа што не победи

gordon

Натпреварот во забивање на НБА Ол-старот во Чикаго му припадна на членот на Мајами Хит, Дерик Џонс Џуниор кој во „продолжението“ беше подобар од Ерон Гордон од Орландо Меџик.

Таква одлука донесоа судиите во состав Двејн Вејд, Скоти Пипен, Кенденс Паркер, Чедвик Босмен и раперот Комон, а тоа донесе многу реакции со оглед на тоа што Гордон во последниот обид имаше забивање над највисокиот играч во НБА лигата, Тако Фол и сите очекуваа негова победа.

Меѓутоа наместо тоа следуваше шок, помалку поени за Ерон што донесе многу контроверзи со оглед на тоа што играчот на Орландо и пред неколку години беше во слична ситуација, но и тогаш настрада и победи Зек Лавин.

Многумумина сметаа дека Вејд е виновен за поразот на Гордон, односно го обвинуваат дека му дал пониска оценка за да неговиот поранешен соиграч од Мајами Хит, Џонс Џуниор триумфира на ова натпреварување.

-Гордон нема да остане без сон поради тоа што не победи во натпреварот во забивање. Тој е еден од подобрите НБА играчи, една од младите ѕвезди во лигата, -истакна Вејд кој притоа додаде:

-Мислам, потребни беа девет рунди, не беше пристрасно. Дојде до точна до тоа да јас не сум единствениот кој даде деветка. Ајде да зборуваме за тоа. Имаше тројца луѓе кои дадоа деветка (за последното забивање), -заврши Двејн.

Ама дека имало одреден договор откри Комон кој посочи дека требало резултатот да биде нерешен.

-Мислевме дека ќе биде нерешено. Ама некој не го испичитува планот, не знам кој беше, -истакна Комон беше дел од судиите во овој натпревар.

Тврдењето на Комон го потврди и Кенденс Паркер (уште еден судија) што дефинитивно го фрла во сенка овој натпревар во забивање кој според многумина мораше да го освои Гордон.

Facebook Коментари