Поврзете се со нас

Лига на нации

Вегорст погоди за победа на Холандија во 94. минута, противникот го праша: Зошто не го направи ова за Барнли? (Видео)

Објавено

на

Велс пристапи на натпреварот против Холандија во Лигата на нации по големото славје и пласманот на Светското првенство, но иако се чинеше дека ќе освои бод по голот на Дејвис во 92-та минута, потоа следеше молк на трибините.

Натпреварот во Кардиф донесе лудо судиско надополнување во кое видовме два гола, а во кое како клучен се покажа оној на Вегорст во 94-та минута.

Фудбалерот на Барнли одговори на израмнувањето и брзо постигна гол за победа на „лалињата“, но интересно беше и она што се случи веднаш по погодокот.

Еден од домашните фудбалери имаше што да му каже на Вегорст, а тоа всушност беше човекот кој оваа сезона му беше соиграч во Барнли.

Велшанецот Конор Робертс не беше импресиониран што Вегорст сега се покажа како човек на одлука, откако претходно не покажа баш ваква умешност во Барнли кој испадна од Премиер лигата.

– Зошто не го направи ова за Барнли….., – беше прашањето кое му го постави Робертс на Вегорст.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни