Поврзете се со нас

Англија

Веднаш стигна олеснување за навивачите на Јунајтед: ПСЖ не бил приоритет за Рашфорд

Објавено

на

Еден од најугледните англиски медиуми „Скај Спортс“ пренесе дека ПСЖ залудно ќе се обидува да го ангажира Маркус Рашфорд од Манчестер Јунајтед.

Медиумот потврдува дека претставниците на играчот се сретнале со челниците на ПСЖ, меѓутоа на таа средба не било постигнато ништо дефинитивно.

Токму затоа, од ПСЖ нема да притискаат за ангажман на Рашфорд, иако јасно е дека постои интерес од нивна страна да го ангажираат англискиот напаѓач.

Од Манчестер Јунајтед биле релаксирани по новонастанатата ситуација затоа што Рашфорд јасно дал до знаење дека сака да остане на „Олд Трафорд“.

Фудбалерот има уште две години од неговиот договор со „ѓаволите“, а истиот дополнително може да биде продолжен на уште една сезона.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни